Дома Топ вести Роналдо веќе разговарал со Перез: Ја сака младата супер ѕвезда!

Роналдо веќе разговарал со Перез: Ја сака младата супер ѕвезда!

vincius

Легендарниот Бразилец Роналдо неодамна стана сопственик на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид, а сега активно е во потрага по засилувања.

Ваљадолид во овој момент се наоѓа на 11-тата позиција во Ла Лига и има големи планови за зимскиот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прва желба на Ваљадолид е младата супер ѕвезда на Реал Мадрид, Винисус Жуниор, а Роналдо сака да ги искористи своите врски со шпанскиот гигант и да издејствува негова позајмица.

„Веќе разговарав со Флорентино Перез да ни го позајми, но ќе биде тешко“, порача Роналдо и додаде дека тој доколку има можност со задоволство би го откупил и целиот договор на Винисус, но е свесен дека во Реал во овој момент нема ниту да помислат на такво нешто.

Ќе потсетиме, кога ќе се соберат сите трошоци Реал за оваа млада ѕвезда која ја доведе од Фламенго плати 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…