Фудбалерите на Удинезе и Рома го завршија прекинатиот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А кој го добија гостите со резултат 1:2.
Мечот беше прекинат во 72 минута, при резултат 1:1, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот, па вечерва беа одиграни преостанатите 18 минути од натпреварот.
Рома забележа значајна победа со голот на Брајан Кристанте во судиското надополнување, на асистенција на Пауло Дибала.