Дома Трансфер зона Родригез конечно доби дозвола за трансфер во Фенербахче, Милан веќе најде замена

Родригез конечно доби дозвола за трансфер во Фенербахче, Милан веќе најде замена

Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот на Рикардо Родригез од Милан во Фенербахче конечно ќе се реализира.

Трансферот на Швајцарецот комплетно беше договорен, дури ги помина и лекарските прегледи во Истанбул, но потоа турската Федерација му забрани на Фенербахче да регистрира нови фудбалери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега проблемот конечно е решен па Родригез најдоцна до понеделник ќе го комплетира трансферот во турскиот гигант, а Милан ќе добие 6 милиони евра плус бонуси.

Малдини веќе пронајде замена за Швајцарецот, а станува збор за левиот бек на Виган Ентони Робинсон. „Росонерите“ сметаат дека Робертсон е одлично засилување кое може да пристине за мала сума на „Сан Сиро“ и да му биде резерва на Тео Хернандез.

Робинсон има 22 години, потекнува од школата на Евертон, а Милан може да го добие неговиот потпис за 10 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…