Раководството на Милан е спремно да направи големи промени во тимот во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Милан го има најлошиот старт во последните 80 години, па јасно е дека ќе му бидат потребни засилувања во јануари, а на некои играчи ќе им биде отворена излезната врата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ се спремни да ги продадат Фабио Борини, Франк Кеси и Рикардо Родригез од кои планираат да инкасираат помешу 60 и 65 милиони евра.
Борини е пред трансфер во Кристал Палас, а за Родригез постои интерес од неколку клубови од Премиер лигата и Бундеслигата.
Најголема заработка Милан треба да оствари од продажбата на Франк Кеси за кого најсилен интерес покажува Вулрвенхемптон кој е спремен да понуди помеѓу 35 и 40 милиони евра.
? #Milan – In tanti pronti a partire: da #Rodriguez a #Borini
— calciomercato.it (@calciomercatoit) November 26, 2019
? #CMITmercato https://t.co/WaT6aFEijg