Дома Македонски спорт Мак фудбал Репрезентативка на Бугарија е новото засилување за ЖФК Каменица Саса

Репрезентативка на Бугарија е новото засилување за ЖФК Каменица Саса

Maкедонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција ЖФК Каменица Саса денес доведе ново засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каменица Саса ја засили напаѓачката линија со репрезентативката на Бугарија, Антонина Шопска.

„Денес потпис на едногодишен договор стави нашата нова фудбалерка која доаѓа од Пирин Лејдис, Република Бугарија. Дваесет годишната Антонина минатата сезона беше топ реализатор на Благоевградската екипа со 21 постигнати голови“, соопштија од клубот.

Претходно овој клуб ја доведе голманката на Јелена Гвоздерац која е репрезентативка на БиХ.

Ќе потсетиме, македонските шампионки ги чекаат натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите каде што ќе играат во гриупа со Сент Полен, Бешикташ и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …