Дома Трансфер зона Реконструкција во Атлетико: Симеоне ќе има голем буџет за засилувања!

Реконструкција во Атлетико: Симеоне ќе има голем буџет за засилувања!

Мадридски Атлетико во текот на летото ќе остане без голем број фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот претходно го продаде Лукас Ернандез на Баерн за 80 милиони евра, Антоан Гризман објави дека го напушта клубот, а неговиот трансфер ќе им донесе 96 милиони евра, бидејќи 24 ќе инкасира Реал Сосиедад.

Како слободни играчи заминуваат Диего Годин, Хуанфран и Филипе Луиз, па јасно е дека ова лето ќе следува реконструкција на тимот на „јорганџиите“.

Парите нема да им бидат проблем. Со оглед на тоа дека ќе заработат доволно, раководството на тимот одлучи да издвои повеќе од 200 милиони евра за засилувања.

Таа сума би требало да биде доволна за освежување на тимот, но сосема сигурно е дека Атлетико ќе ги почуствува заминувањата на стандардните првотимци во следната сезона.

Најголема желба на Симеоне е Пауло Дибала на кого е спремен да го потроши половина буџет и во кого гледа идеална замена за Гризман.

Едно е сигурно, не очекува жешко лето на „Ванда Метрополитано“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…