Дома Фудбал Англија Ревија на убави голови на„Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед ја наполни мрежата на Бурнемоут (ВИДЕО)

Ревија на убави голови на„Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед ја наполни мрежата на Бурнемоут (ВИДЕО)

Maнчестер Јунајтед во одличен натпревар на „Олд Трафорд“ победи против Бурнемоут со 5:2.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер покажаа голем напаѓачки потенцијал и до врв ја наполнија мрежата на гостите кои судејќи според ситуацијата од наредната сезона ќе играат во понизок ранг.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лошо тргна работата за Јунајтед. Во 15 минутата Станислас си поигра со Мегваер и постигна гол за 0:1. Меѓутоа до крајот на првото полувреме Јунајтед го сврти резултатот и со головите на Мајсон Гринвуд, Маркус Рашфорд и Марсијал поведе со 3:1.

Бурнмеоут во игра се врати после пет минути во второто полувреме. Кинг постигна гол од пенал за 3:2, меѓутоа само три минути подоцна на семафорот стоеше 5:2, новите два гола на Јунајтед беа дело на Гринвуд и Фернандеш.

Тој резултат се покажа и како конечен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…