Дома Фудбал Репрезентации Ребров: Не сме фаворити против Македонија

Ребров: Не сме фаворити против Македонија

Селекторот на Украина, Сергеј Ребров имаше само пофални зборови за селекцијата на Македонија пред утрешниот меч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Македонија ја исфрли Италија во плеј-офот за Светското првенство 2022, ја совлада и Германија на гости. Го сфаќаме натпреварот многу сериозно. Мора да го почитуваме противникот, но и да размислуваме на нашата игра“, истакна Ребров.

„Македонија веќе многупати покажа дека е многу силна и не можам баш да кажам дека сме фаворити. Прво играме на гости, против силен тим и затоа не се сметаме за фаворити. Ќе мора на теренот да го покажеме тоа. Но, спремни сме. Знам дека Елмас е лидер на Македонија, дека има низа фудбалери кои се добри со топка и ќе мора да внимаваме на нив“, додаде украинскиот селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Лука Модриќ ќе игра уште една сезона под светлата на „Сан Сиро“ (Видео)

Легендарниот Лука Модриќ (40) го продолжи договорот со Милан до јуни 2027 година, соопшти …