Дома Фудбал Реал се враќа на „Сантиаго Бернабеу“ после повеќе од една година

Реал се враќа на „Сантиаго Бернабеу“ после повеќе од една година

Реал Мадрид после подолго време ќе се врати во својот дом „Сантиаго Бернабеу“ и во недела ќе ја пречека Селта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал година и половина домаќинските натпревари ги играше во својот тренинг центар на стадионот „Алфредо ди Стефано“, додека не заврши реконструкцијата на легендарниот стадион.

„Сантиаго Бернабеу“ сега е еден од најсовремените стадиони во светот, а неговиот капацитет остана ист (81.000 гледачи), но во недела ќе прими 30.000 фанови поради мерките поврзани со пандемијата.

Новиот облик на стадионот ќе има подвижен покрив, а ќе биде повисок за 10 метри што треба да ја подобри акустиката.

Целата реконструкција на стадионот го чинеше клубот 693  илиони фунти, во моментов во функција се три од четирите трибини, а се очекува комплетно да биде завршен во јануари 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…