Дома Фудбал Реал му се заблагодари, Варан си заминува со 18 трофеи

Реал му се заблагодари, Варан си заминува со 18 трофеи

Реал Мадрид му се заблагодари на Рафаел Варан и му посака успех во неговиот нов клуб.

Варан вчера го комплетираше трансферот во Манчестер Јунајтед за 50 милиони евра.

28-годишниот дефанзивец помина десет сезони во Реал Мадрид, каде остави силна трага и освои 18 трофеи.

„Реал Мадрид е благодарен за твојот професионализам цели 10 сезони во кои ги бранеше нашите бои. Во тој период освои 18 трофеи, па Реал Мадрид ти искажува благодарност и сите во клубот ти посакуваме се најдобро во иднина“, соопштија „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девет месеци чекање, па шпалир и аплаузи: Савона повторно на терен! (Видео)

Николо Савона се врати на тренинзи на трева по тешката повреда на коленото, а соиграчите и…