Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Сити

Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Сити

Реал Мадрид е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.

Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.

Одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот за Аргентина и веднаш доби нов договор во Манчестер Сити со повисока плата.

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.

Реал веќе го договори трансферот на Мбапе, но бара класичен напаѓач, па верува дека Алварез би се вклопил идеално и е спремен да поуди 80 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…