Дома Трансфер зона Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Реал Мадрид добил понуда од 45 милиони евра за Ѓулер

Aрсенал знаел да добие одлично засилување од Реал Мадрид, а пример за тоа е Мартин Одегард кој по пристигнувањето од Мадрид во Лондон одлично се снајде.

Сега се шпекулира дека Арсенал повторно би можел да купува од шпанскиот гигант. Целта на тимот кој се бори за титулата е младиот Арда Ѓулер кој минатата година пристигна во клубот за сума од 20 милиони евра.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Сега „топџиите“ се спремни да понудат и повеќе од двојно, меѓутоа во Реал не помислуваат да го продадат. Потврда дека веруваат во него е последната изјава на Карло Анчелоти.

„Арда со сигурност ќе биде тука и во наредната сезона. Ми се допаѓа како играч и сите знаеме дека е голем квалитет“, изјави Италијанецот.

Имено, Ѓулер има само 18 години, а се очекува да биде еден од главните адути на Турција на Европското првенство кое се игра ова лето во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Големата желба на Артета пред трансфер во Јувентус

Даглас Луиз најверојатно во наредните денови ќе биде потврден како нов фудбалер на Јувентс…