Дома Топ вести Реал го продава Хакими – гигантите се „тепаат“ за неговиот потпис

Реал го продава Хакими – гигантите се „тепаат“ за неговиот потпис

Еминентниот германски весник „Билд“ тврди дека Ашраф Хакими нема иднина во Реал Мадрид и покрај фактот што дефанзивецот неодамна го продолжи договорот со „кралите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот Мароканец неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година, но неговата иднина на „Сантиаги Бернабеу“ е неизвесна.

Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша 10 асистенции, па европските гиганти се „тепаат“ за негов потпис.

Зидан на десната бековска позција го преферира Карвахал и не е голем симпатизер на играта на Хакими, спета дека е слаб во дефанзивните задачи, па клубот би можел да се одлучи за продажба со која многу ќе заработи.

Манчестер Сити, Арсенал, Интер, Челзи, Јувентус и ПСЖ се силно заинтересирани за Хакими, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…