Дома Трансфер зона Реакција на понудата на Интер: Јунајтед му нуди нов договор на Јанг

Реакција на понудата на Интер: Јунајтед му нуди нов договор на Јанг

Манчестер Јунајтед му понудил нов договор на Ешли Јанг!

Иако во јули ќе наполни 35 години, „црвените ѓаволи“ одлучиле да му понудат продолжување на соработката, на овој потег Англичаните се одлучиле откако интерес за неговите услуги покажа Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јанг сега ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата од Јунајтед или пак кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Овој 34 годишен фудбалер е член на Манчестер Јунајтед од 2011 година. Пристигна од Астон Вила и за „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 261 натпревар.

Оваа сезона тој настапи на 18 натпревари во сите натпреварувања и има учинок од еден гол и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…