Дома Фудбал Германија Реагираа зошто Левандовски не ја освои „златната топка“, а сега не го избраа и за најдобар во Баерн!?

Реагираа зошто Левандовски не ја освои „златната топка“, а сега не го избраа и за најдобар во Баерн!?

Пред крајот на ланската година кога Лионел Меси ја доби „Златната топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, имаше многу реакции, а од Минхен посебно реагираа дека таа награда требало да заврши кај Роберт Левандовски.

И сетоа ова немаше сега да биде повторно актуелно ако не беше изборот за играч на сезоната во Баерн. Навивачите критикуваа и сметаа дека на Левандовски му е украдена наградата, меѓутоа сега не го избраа Левандовски за најдобар во сезоната во Баерн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Левандовски се изнадава голови, но наградата за играч на сезоната заврши кај Томас Милер. Во минатата сезона полскиот голгетер постигна 50 голови на 46 натпревари и во гласањето освои само 18% од гласовите.

Сигурно дека на ваквиот резултат големо влијание има тоа што тој изрази желба да си замине од Баерн, да не беше така веројатно и ќе победеше во изборот. Милер наградата ја доби со освоени 26% од гласовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…