Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека Кристиано Роналдо треба да постигнува повеќе голови.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ во последно време имаат проблем со реализацијата, но Рангник истакна дека вината е на сите офанзивни фудбалери, не само на Роналдо.




„Кристиано Роналдо треба да постигнува повеќе голови, очигледно, но не е само тој. Сметам дека создадовме доволно шанси во последните натпревари, но едноставно не ги искористивме. Тоа не е проблем само на Кристиано, туку на сите играчи, особено на офанзивните. Едноставно не постигнуваме доволно голови. Тоа треба да го поправиме во наредните натпревари“, изјави Рангник.