Дома Фудбал Рамос му се извини на Хавел за скршниот нос: Не требаше така да влезам во тој дуел (ФОТО)

Рамос му се извини на Хавел за скршниот нос: Не требаше така да влезам во тој дуел (ФОТО)

Серхио Рамос вчера против во натпреварот против Викторија Плзен повторно се најде во центарот на вниманието поради своите груби потези.

Капитенот на Реал Мадрид во 15-тата минута од натпреварот против Плзен многу лесно можеше да заработи исклучување доколку судијата Ајтекин го забележеше неговиот дуел со домашниот фудбалер Милан Хавел.

Навистина Рамос веројатно немаше никаква намера, но остави последици кај несреќниот Хавел кој теренот го напушти во 38-тата минута.
Рамос после натпреварот и јавно се извини.

„Зборував со него и му испратив порака. Се надевам ќе биде подобро. Имаше контакт, но немав намера да го повредам. Тој дел е навистина нежен. Не требаше така да влезам во тој дуел. Милан, немав никаква намера да те повредам“, гласи извинувањето од Шпанецот.

Ќе потсетиме Реал Мадрид овој натпревар славеше победа од 0:5.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Костакурта удри по Милан: По дербито со Интер, европски студен туш

Поразот од Ференцварош со 0-2 го остави Милан на 28. место во Лига Европа, а Алесандро Кос…