Миралем Пјаниќ неодамна стигна во Барселона и во недела би можел да го има неговото деби на официјален натпревар во дресот на каталонскиот гигант.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пјаниќ е убеден дека Барселона ќе има добра сезона во која ќе освојува трофеи, а проговори и за поразот од Баерн од 8:2 во четвртфиналето од минатата сезона. Тој порача дека сака одмазда за она што се случило во Лисабон.
„Овој тим сака одмазда за она што се случи во Лисабон. Сакаме да докажеме дека тоа е сплет на несреќни околности. Момците кои играат во тимот заслужуваат почит во светот на фудбалот и немаат потреба на никого да се докажуваат. Во фудбалот се случуваат тешки моменти и нмеа фудбалер на Барселона кој не сака да докаже дека резултатот од 8:2 е сплет на несреќни околности. Верувам во добра сезона“, изјави Пјаниќ.
Пјаниќ првите минути во дресот на Барселона би требало да ги запише во недела во натпреварот против Виљареал.