Дома Фудбал Пјаниќ во ЦСКА претставен во стил на реклама за гел за туширање (ВИДЕО)

Пјаниќ во ЦСКА претставен во стил на реклама за гел за туширање (ВИДЕО)

Миралем Пјаниќ и официјално е нов играч на ЦСКА Москва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рускиот тим на необичен начин го претставија фудбалерот од БиХ.

„Здраво на сите, јас сум Миралем Пјаниќ и играв во многу клубови, но секогаш се стремев да бидам на коњ и да, ќе бидам искрен, честопати успевав во тоа.

Потоа погледнете ги вашите омилени играчи и вратете се кај мене. Погледни ги повторно и врати ми се. Види? Се вратив на коњот и сега сум меѓу коњите“, вели Пјаниќ во видеото.

Целото видео потсетува на рекламата за популарните хигиенски производи „Олд Спајс“, особено во деловите каде Пјаниќ вели “back to me” и кога крајот на видеото открива дека новиот играч на ЦСКА е на коњ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…