ПСЖ до крајот на преоднот рок има намера да донесе еден лев бек, со оглед на фактот што Јури Берчиче го продаде во Атлетик Билбао.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Светците“ сакаат да донесат квалитетна конкуренција за Курзава на левата бековска линија и се многу блиску до ангажман на Вендел од Баер Леверкузен.
Бразилскиот фудбалер веќе се договори си ПСЖ, па останува уште двата клуба да ги договорат последните детали. Медиумите тврдат дека „фармацевтите“ немаат ништо против трансферот, но за слободата на Вендел бараат 30 милиони евра.
Трансфер пазарот во Германија и Франција е отворен до 31-ви август, па наскоро се очекува трансферот да биде комплетиран.