Дома Фудбал ПСЖ повторно ја провоцира Барселона на Твитер

ПСЖ повторно ја провоцира Барселона на Твитер

ПСЖ вчера на социјалните мрежи објави дека младиот играч на оваа екипа Стенли Нсоки ја продолжил соработката со првакот на Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нсоки ги помина младинските категории на францускиот клуб, а за првиот тим на Парижаните дебитираше во минатата сезона во која запиша три настапи. Овој 19 годишен дефанзивец вчера официјално потпиша нов договор со ПСЖ до летото 2021. година.

Сепак, она што го привлече вниманието на јавноста е што ПСЖ уште еднаш ја искористи приликата да ја провоцира Барселона. Во постот за Нсоки ја искористија легендарната реченица на Пике “Se queda“ која играчот на Барса ја објави за Нејмар додека се уште се шпекулираше дека ќе премине во ПСЖ.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид донесе одлука: Eндрик заминува во Премиер лигата!

Бразилскиот дијамант не успеа да се избори за место во ѕвездената екипа на Реал, а клубот …