Дома Трансфер зона ПСЖ му нуди директорско место на Малдини

ПСЖ му нуди директорско место на Малдини

Легендата на Милан, Паoло Малдини доби понуда за раководна позиција во Пари Сен Жермен, пренесува „Скај Италија“.

Малдини доби отказ од позицијата технички директор на „росонерите“ на крајот на сезоната Сопственикот на Милан, Џери Кардинале го отпушти Малдини и неговиот соработник Рики Масара наводно поради различни погледи за иднината на клубот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Малдини во изминатите години покажа дека е одличен и како директор и беше најзаслужен за подемот на „росонерите“ и освоената шампионска титула.

Според „Скај спортс“, Италијанската фудбалска федерација исто така му понудила работа на Малдини, но не е познато на која позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познато првото летно засилување за Јувентус

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот п…