Интересен натпревар беше одигран во САД.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во интересен натпревар од Интернационалниот Куп на шампиони, фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Атлетико Мадрид со 3:2.
За Томас Тухел и ПСЖ ова беше прва победа после двата порази на оваа турнеа.
Парижаните започнаа добро и стигнаа до предност уште во 32 минута со голот на Кристофер Нкунку.
Предноста ја зголемија во 71 минута со погодокот на Муса Диаби, но потоа Атлетико започна со силни напади.
Таквиот пристап им се исплатеше четири минути подоцна кога Виктор Молјехо најдобро се снајде во гужвата и го матираше противничкиот голман. Избраниците на Диего Симеоне успеаа и да изедначат во 86 минута со несреќниот автогол на Антоан Бернеде.
И кога сите помислија дека овој натпревар ќе биде решен после изведувањето на пенали се појави Виргили Постолачи со убав погодок од дистанца и му донесе победа на ПСЖ во 92 минута.