Дома Трансфер зона ПСЖ го пронајде голманот за следната сезона и ги изненади сите

ПСЖ го пронајде голманот за следната сезона и ги изненади сите

Една од најкритичните точки во составот на ПСЖ е позицијата голман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Управата на тимот се обидува да пронајде вистинско решение на тоа место, бидејќи Кевин Трамп и Алфонс Арелоа не играат на врвно ниво. Голем број на голмани се поврзуваа до доаѓање во редовите на ПСЖ. Се споменуваа Џиџи Донарума, Јан Облак, Тибо Куртоа, Алисон Бекер, но на крајот во Париз се одлучија за доведување на чилеанскиот голман, Клаудио Браво.

Искусниот 34-годишен чувар на мрежата има улога на резерва на Едерсон во Манчестер Сити. Не добива премногу простор за игра, па размислува да го напушти клубот. Интересот од ПСЖ е многу сериозен. Без никакви дилеми Чилеанецот би ја превзел улогата прв голман на тимот од „Паркот на принцовите“ и се очекува ПСЖ наскоро да испрати и официјална понуда.

Браво има договор со „Граѓаните“ уште две години, а од доаѓањето од Барселона во 2016. година запиша 41 настап за тимот од Манчестер. Сепак, клупата го направи свеото и Браво од следната сезона би можеле да го гледаме во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…