Дома Македонски спорт Мак фудбал Проблеми за младинската репрезентација: Опремата не им стигна во Шпанија

Проблеми за младинската репрезентација: Опремата не им стигна во Шпанија

Македонската млада репрезентација на 14-ти ноември треба да игра квалификациски натпревар со Шпанија, но во моментов се соочува со голем проблем.

Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродром од пристигнувањето во Шпанија (тимот пристигна вчера во 16:20) и сеуште не е ослободена. Синоќа тренингот на Македонија (беше закажан во 19:30) не е одржан поради таа причина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Шпанска федерација одговорот е дека не знаеле за некој нов закон и барање некаква декларација за таков вид на носење, подигнување на опрема. Информиран е делегатот на натпреварот и амбасадата на Македонија во Шпанија.

Техничкиот менаџер на МКД синоќа до 23:00 часот бил присутен на аеродром заедно со економите од репрезентацијата, но не добил информација што всушност е потребно и дали опремата ќе биде ослободена. И покрај инсистирањето на нашите претставници на аеродромот да пристигне претставник и од Шпанска федерација, не дошол никој и по пет часа чекање.

Потсетување, натпреварот против Шпанија треба да се одигра на 14-ти ноември во Алкоркон, како дел од квалификациите за Европското првенство 2021.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…