Манчестер Јунајтед долго време се обидува да го доведе Френки Де Јонг од Барселона, но работата некако не им оди како што се надеваа, а сега им се појави и сериозен конкурент.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Последните информации беа дека Манчестер Јунајтед и Барселона биле блиску до договор, но 25-годишниот фудбалер не сака си замине од „Камп Ноу“, иако неговите големи примања се проблем за Каталонците во тешката финансиска ситуација. Во Јунајтед, Де Јонг би соработувал и со Тен Хаг кого го познава и од Ајакс, но и тоа не е доволно.




Медиумите од Островот сега пренесуваат дека ако Јунајтед не може да стигне до потписот на Де Јонг тоа ќе се обиде да го направи Челзи. Адут кој го Челзи го има, а Јунајтед не е играњето во Лигата на шампионите.




Во Челзи Де Јонг би пристигнал како замена за Жоржињо кој во претходниот период се поврзуваше со трансфер во Јувентус како дел од трансферот на Де Лихт.