Дома Фудбал Проблем за Манчестер Јунајтед: Се повреди Хојлунд

Проблем за Манчестер Јунајтед: Се повреди Хојлунд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд кој влезе во одлична голгетерска форма ќе мора да паузира две до три недели.

Клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека Хојлунд е повреден, но не информираше како дошло до таа повреда.

Сигурно дека неговото отсуство ќе биде проблем за Јунајтед. Тој беше најдобриот фудбалер на Јунајтед во 2024 година и на пет натпревари постигна шест гола, додавајќи и две асистенции.

Во краткото соопштение од Јунајтед се наведува дека станува збор за повреда на мускулот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два автогола против Сити, а сега чека животен сон: Естев сака нов дуел со Халанд

Максим Естев сè уште го чека дебито во Лигата на шампионите со Лајпциг. Шансата би можела …