Дома Фудбал Италија Проблем за Алегри: Се повреди Пјаниќ!

Проблем за Алегри: Се повреди Пјаниќ!

Фудбалерот на Јувентус немаше среќа во репрезентативните обврски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Миралем Пјаниќ не помина добро на натпреварот помеѓу Северна Ирска и Босна и Херцеговина.

Играчот за врска и еден од најважните во тимот на Алегри мораше да го напушти теренот во 83-тата минута од натпреварот во кој Босна славеше победа од 1:2.

Се уште нема информации од каков карактер е повредата на Босанецот.

Останува да видиме дали ќе биде во тимот за натпреварите на Јувентус во Серија А и Лигата на шампионите.

Јувентус прво игра со Сасуоло на 16-ти септември, а потоа против Валенсија во Лигата на шампионите на 19-ти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал започна преговори за Гимараеш, но доби прво “не”

Арсенал воспостави официјален контакт со Њукасл за можен трансфер на Бруно Гимараеш. Како …