Дома Трансфер зона Пристигнаа три понуди за Фернандо Торес

Пристигнаа три понуди за Фернандо Торес

Фернандо Торес на крајот на оваа сезона ќе ги напушти редовите на мадридскиот Атлетико.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот 34-годишен напаѓач кариерата најверојатно ќе ја продолжи во американската МЛС лига, од каде доби три понуди. Откако што минатата недела, Чикако Фајр јавно покажа интерес за доведување на шпанскиот фудбалер, денеска тоа го направи и екипата на Монтреал Импакт.

Канадските медиуми тврдат дека спортскиот директор на клубот, Ник Де Сантис вчера пристигнал во Шпанија за да разговара со Торес и да се обиде да го доведе во тимот. Последната во серијата на екипи од МЛС кои се заинтересирани за Торес е Сиетл. Саундерси во следниот период исто така ќе се обидат да го доведат, но најконкурентна за сега е екипата на Монтреал.

Торес во богатата кариера во два наврати го носеше дресот на Атлетико, а играше уште за Ливерпул, Челзи и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…