Дома Трансфер зона Пристигна понудата од Италија за Ибрахимовиќ

Пристигна понудата од Италија за Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ во моментов е без клуб откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед кој управата на англискиот клуб не сака да го продолжи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се разбира, познато е дека Ибрахимовиќ на крајот на сезоната доби тешка повреда на коленото и од теренот ќе го оддалечи уште најмалку пет месеци.

Управата на „Црвените ѓаволи“ одлучи да не му понуди нов договор поради долгото закрепнување од повредата. Ибра најмногу се поврзува со трансфер во САД или во Ла Галакси.

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека сагата за продолжување на кариерата се уште не е завршена. Златан наводно веќе преговарал со управата на Милан, која го сака во своите редови за да се вратат во елитата на Серија А.

Милан е подготвен да му понуди едногодишен договор на Ибрахимовиќ со надеж дека неговите услуги ќе му помогнат во освојување на Серија А и пласман во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…