Дома Трансфер зона Пристигна замената: Јувентус договори искусен Германец

Пристигна замената: Јувентус договори искусен Германец

marota

После многу имиња кои се поврзуваа со дресот на „старата дама“, конечно италијанскиот гигант успеа да постигне договор.

Се работи за фудбалерот на Шалке, Бенедикт Ховедес кој во Торино пристигнува како позајмен фудбалер со обврска Јувентус наредното лето да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според фановите на клубот од Торино, 29 годишниот Ховедес е одлична замена за Леонардо Бонучи кој како што е познато премина во редовите на големиот ривал Милан.

Да потсетиме, како можни имиња за наследник на Бонучи се споменуваа, Жером Боатенг, Езекиел Гарај, Матс Хумелс, но сепак на крај изборот падна на фудбалерот на Шалке, за кого претходно голем интерес покажа и тимот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…