Дома Фудбал Италија Приказна на годината: Пуштете солза и симнете му капа на Давиде Никола!

Приказна на годината: Пуштете солза и симнете му капа на Давиде Никола!

Тренерот на Кротоне, Давиде Никола, вети нешто, а сега истото ќе го исполни.

Кротоне оваа сезона на чудесен начин успеа да избори опстанок, тие во последните неколку кола освоија повеќе бодови од шампионот Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давиде Никола, многумина го гледаат како чудотворец, тој даде ветување на први април. Тогаш Кротоне имаше само 14 бодови после 29 натпревари. Никола не беше отпуштен а до крајот на шампионаот имаше натпревари против Милан, Интер, Лацио, Торино, Сампдорија…

Никола тогаш изјави: Ако се спасиме, ќе возам точак од Кротоне до Торино“.

Должината е 1300, а станиците се: Таранто, Бари, Пескара, Анкона, Ливорно, Џенова и на крајот Торино. Зошто баш овие градови? Тоа сеградовите во кој овој тренер ја помина кариерата како играч и тренер.

Последната станица е Виџоне, град во близина на Торино, Давиде Никола, тука живееше со своето семејство. Во тој град пред три години неговиот 14 годишен син возеше точак и го удри автобус при што почина.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…