Македонскиот голамн Дени Илиев одлично го започна рестартот на сезоната во полската Екстра класа лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера Илиев беше одличен на голот на Јагиелонија и еден од најзаслужните што неговиот тим оствари победа против Краковија од 1:0.
Одличниот настап на Илиев беше забележан, па затоа тој се најде во идеалниот тим од 27. коло во Полска. Ова секако е доказ дека Илиев добро се подготвувал во периодот на изолација.
