Претседсателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е позитивен на коронавирус, а тоа може да му предизвика големи проблеми на клубот од Неапол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Де Лаурентис не ги почитувал протоколите, па сега може скоро целиот тим на Наполи и тренеро Гатузо да завршат во изолација.
Де Лаурентис имал симптоми, но и покрај тоа се решил да се состане со претседателите на останатите клубови од Серија А на вечера каде со некои имал и блиска средба.
Првиот човек на Наполи е на удар на јавноста затоа што и покрај тоа што имал симптоми и бил тестиран, се појавил на вечерата и на никого не кажал дека се тестирал за коронавирусот.
Де Лаурентис присуствувал и на тренингот на Наполи и имал близок контакт со тренерот Гатузо и поголем дел од играчите.