Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва после финалето во ЛШ ќе биде слободен агент бидејќи му завршува договорот со „светците“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако се чинеше дека Бразилецот кариерата ќе ја продолжи во Италија, сепак медиумите тврдат дека е најблиску до Премиер лигата.
Имено, Челзи е во напредни преговори и двете страни се пред постигнување на договорот. Единствено треба да се договори должибата на соработката.
Тиаго Силва следниот месец ќе полни 36 години и Челзи му нуди едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година. Бразилецот пак бара 2-годишен договор, но се очекува двете стани да најдат заеднички јазик.
Лампард сака да ја засили одбраната и верува дека Тиаго Силва ќе биде вистинско решение.