Дома Фудбал Англија Пресврт: Газдите на Јунајтед воопшто немале намера да го продадат клубот?!

Пресврт: Газдите на Јунајтед воопшто немале намера да го продадат клубот?!

Информации кои нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед пристигнуваат од Островот, наводно еден од косопствениците на „црвените ѓаволи“, Абрахам Глејзер никогаш немал намера да го продаде англискиот гигант.

Манчестер Јунајтед официјално ставен на продажба беше во ноември и цената која ја постави семејството е шест милијарди фунти. Поголем број кандидати од тој момент се поврзуваа со Манчестер Јунајтед, а како најсериозни се издвоија Јасим Бин Хамад Ал-Тани и бизнисменот Сер Џим Ретклиф кој е сопсвеник на компанијата „ИНЕОС“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последните информации беа дека понудите кои двете страни ги испратиле биле околу пет милијарди евра.

Анализите кои сега се појавија на Островот говорат дека Американците биле свесни дека сумата од шест милијарди е превисока и токму затоа била поставена, нивната цел наводно била само да ја дознаат пазарната вредноста на клубот, но и да се обидат да ги зголемат акциите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…