Дома Трансфер зона Преку социјалните мрежи најави заминување, а сега прв кандидат да го замени Левандовски во Барселона?

Преку социјалните мрежи најави заминување, а сега прв кандидат да го замени Левандовски во Барселона?

Намерите на Жоан Лапорта да направи драстични промени за следната сезона во однос на играчкиот кадар може да се одразат на Роберто Левандовски и неговиот статус во клубот.

Чави Ернандез по натпреварот во Жирона се пожали дека „повторно им недостига ефикасност“ и ова е ситуација за која многу се зборува на европската фудбалска сцена.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


По таквите најави се појавија информации за можно заминување на полскиот голгетер. Од Островот веќе се пишува и кој играч би го заменил во Каталнија.

Британскиот весник „Сан“ објави дека клубот од Каталонија веќе има избран кандидат за замена на „деветката“ на Барселона, а тоа би бил Дарвин Нуњез.

Дарвин не се снајде најдобро на последните два натпревари во Премиер лигата, на кои влезе од клупата за резерви, а во текот на целата сезона е критикуван поради неговите промашувања.

Исто така како најава за заминување се смета и неговиот последен потег каде што од социјалните мрежи ги избриша сите фотографии од дресот на Ливерпул и остави само приватни и оние од дресот на репрезентацијата на Уругвај.

Барселона очигледно ќе се обиде да ја искористи таа ситуација, а дали ќе успее ќе видиме во летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ испрати понуда од 100 милиони за наследникот на Мбапе

ПСЖ ја започна потрагата по наследник на Килијан Мбапе, а прва желба е ѕвездата на Наполи,…