Дома Македонски спорт Пред Павлов падна и светскиот шампион: Се враќа дома со златен медал!!

Пред Павлов падна и светскиот шампион: Се враќа дома со златен медал!!

Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија откако во финалниот меч со 5-4 го совлада актуелниот светски шампион, Италијанецот Анџело Крешенцо.

Павлов до победата стигна буквално со поен освоен во последната секунда и повторно како и на Европското првенство во 2019 година беше подобар од Италијанецот Крешенцо. Оваа победа е голем поттик за уште поголема самодоверба пред Европското првенство и квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Токио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во борбите од главниот жреб кои се одржаа во петокот во полуфиналето Павлов беше подобар од Казахстанецот Даркан Асадилов со 2-1, а претходно ги добиваше и Мохамед Фахед од Јордан со 3-2, Ненад Дуловиќ од Црна Гора со 1-0 и Јертанек Баитурејев од Казахстан со 4-0.

Од останатите македонски каратисти Петар Спасеновски и Вероника Костовска го освоија седмото место, додека Фахик Весели заврши како деветопласиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…