Дома Топ вести Преговорите започнаа: Хакими се сели во Париз

Преговорите започнаа: Хакими се сели во Париз

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Аштраф Хакими е многу блиску до трансфер во Пари Сент Жермен.

Интер има големи финансиски проблеми и после заминувањето на Конте јасно е дека ќе бидат продадени некои од ѕвездите во тимот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека прв кој ќе биде продаден е токму Хакими бидејќи пристигнала богата понуда од Париз.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и дека трансферот ќе изнесува 60 милиони евра со вклучени бонуси.

„Нероаѕурите“ минатото лето го донесоа Мароканецот за 40 милиони евра, а тоа значи дека ќе имаат заработка од цели 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Борусија ја победи конкуренцијата за еден од најбараните напаѓачи

Како што пренесуваат германските медиуми Серу Гираси е главната цел на Борусија во летниот…