Дома Топ вести Прва задача на Марота: Да го донесе Модриќ во Интер!

Прва задача на Марота: Да го донесе Модриќ во Интер!

Италијанскиот гигант Интер не се откажал од идејата да го донесе Лука Модриќ во своите редови, тврдат италијанските медиуми.

Со тешката задача да го убеди Реал Мадрид да го пушти Хрватот ќе се соочи искусниот Бепе Марота, кој неодамна го напушти Јувентус и наскоро ќе биде назначен за нов директор на „нероаѕурите“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Марота веќе ги договорил сите детали со „нероаѕуроте“, а на средбата со претседателот Стивен Жанг се зборувало токму за Модриќ.

Интер минатото лето не успеа да го донесе Модриќ, иако имаше договор со неговите агенти, но се спрема за нова офанзива на Хрватот.

Марота има големо искуство и одлични односи со Реал Мадрид па ќе се обиде да го договори трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…