Дома Останати Кошарка Почина шесткратниот НБА Ол-стар играч и најдобриот стрелец во историјата на Феникс Санс

Почина шесткратниот НБА Ол-стар играч и најдобриот стрелец во историјата на Феникс Санс

Поранешниот НБА кошаркар Волтер Дејвис почина во четвртокот на 69-годишна возраст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Американските медиуми јавуваат дека тој починал од „природна смрт“. Дејвис ќе остане запаметен како легенда на Феникс Санс, каде е најдобар стрелец на сите времиња со 15.666 поени.

За време на неговата 15-годишна НБА кариера, Дејвис шест пати беше Ол-стар, сите шест пати како играч на Санс, за кои играше од 1977 до 1988 година. После тоа уште во два наврати играше за Денвер Нагетс, а кратко беше и во Портланд.

Тој ја доби и наградата за најдобар дебитант во НБА во 1978 година. Тој го освои златото со американската репрезентација на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, а Санс го повлече дресот со број шест во негова чест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…