Дома Фудбал Останато Почина човекот кој на чело на УЕФА беше цели 17 години!

Почина човекот кој на чело на УЕФА беше цели 17 години!

Во 89 година од животот почина поранешниот претседател на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) Ленарт Јохансон, човекот кој ја основа елитната Лига на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


УЕФА објави дека сите натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020 ќе започнат со минута молчење.

Ленарт Јохансон беше на чело на УЕФА од 1990 до 2007 година и е еден од најзаслужните за формирањето на Лигата на шампионите но и развојот на УЕФА како една од најмоќните и најстабилните спортски организации во светот.

„УЕФА се разви до обично административно тело до динамична и модерна спортска организација. За време на неговиот мандат започна Лигата на шампионите која стана најпрестижно клупско натпреварување . Националните репрезентации доживеаја подем, додека Европското првенство стана светски настан“, објави УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…