Дома Фудбал Потресна сцена на Апенините: Судијата даде знак, а тренерот не можеше да ги задржи солзите

Потресна сцена на Апенините: Судијата даде знак, а тренерот не можеше да ги задржи солзите

Фудбалот во италијанските лиги се врати овој викенд, а вчера беа на распоредот заостанатите натпревари во Серија А и Серија Б. Враќањето го одбележи потресна сцена од натпреварот Ливорно – Цитадела.

Фудбалската федерација одлучи сите натпревари да започнуваат со минута молк за починатите од коронавирусот. Италија е една од најпогодените земји во светот од оваа болест и многу луѓе останаа без своите најблиски.

Кога судијата на натпреварот Ливорно – Цитадела даде знак за минута молк, тренерот на Ливорно, Антонио Филипини не успеа да ги задржи солзите.

Пред неколку недели од коронавирус почина неговата мајка и оваа реакција е сосема разбирлива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл испрати скаути во Полска: На радарот е 20-годишен лев бек

Јакуб Кжижановски од Висла Краков го привлече вниманието на Њукасл, но неговиот договор до…