Дома Македонски спорт Мак баскет Потпишан договорот помеѓу КК Работнички и „Мтел“: Клубот добива 1.4 милиони евра за четири години!

Потпишан договорот помеѓу КК Работнички и „Мтел“: Клубот добива 1.4 милиони евра за четири години!

Најтрофејниот кошаркарски клуб  во Македонија, скопски Работнички од денеска има нов спонзор, српската компанија МТЕЛ.

На промоцијата на новиот спонзор на Работнички присуствуваа градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, како и премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, кој доби дрес на подарок.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Станува збор за ново поглавје, ново партнерство на нашиот најтрофеен клуб, најголемиот бренд на Центар и еден од најпрепознатливите спортски колективи во нашата држава. Заложбата ќе биде повторно да го вратиме Работнички на старите победнички патеки.

Со спонзорството од „Мтел“ обезбедуваме сигурна иднина за најтрофејниот кошаркарски колектив“, изјави Герасимовски.

Во последните десет години Работнички само еднаш беше шампион на Македонија и тоа во 2018 година, преостанатите девет титули завршија кај МЗТ Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…