Дома Топ вести Потврди менаџерот: Скриниар си заминува од Интер!

Потврди менаџерот: Скриниар си заминува од Интер!

Toa што се најавуваше во изминатиот период сега го потврди менаџерот на дефанзивецот на Интер Милан Скриниар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Агентот на Словакот, Роберто Систичи потврди дека Скриниар веќе го известил Интер дека нема да го продолжи договорот. Според неговата изјава дефанзивецот ќе остане до крајот на сезоната, а тогаш ќе си замине бесплатно.

„Веќе го известиме Интер дека Скриниар нема да го продолжи договорот и како што стојат работите сега сме слободни да преговараме со други клубови“, изјави Систичи.

Минатата недела француските меидуми најавуваа дека ПСЖ може да го доведе за 25 милиони евра бонус за потпис и девет милиони евра годишно, меѓутоа интерес за него покажуваат и два други англиски премиерлигаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…