Дома Топ вести Потврдено: Реал Мадрид ја купи ѕвездата на Ривер Плата!

Потврдено: Реал Мадрид ја купи ѕвездата на Ривер Плата!

Реал Мадрид игра катастрофална сезона, а врв на лошите резултати беше вчерашниот дебакл во „Ел Класико“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И додека се уште не е јасна судбината на Лопетеги и кој ќе седи на кормилото до крајот на сезоната, раководството мисли на иднината и го обезбеди потписот на еден од најталентираните Аргентинци.

Имено, ѕвездата на Ривер Плата, Езекил Паласиос е нов играч на „кралскиот“ клуб. Станува збор за 20-годишен играч за врска, кој неодамна дебитираше за сениорската репрезентација.

За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, меѓу кои Атлетико и Барселона, но Реал беше најбрз и постигна договор со Ривер Плата за трансфер вреден 23 милиони евра.

Паласио наскоро ќе потпише петгодишен договор со „кралскиот“ клуб, а на „Сантиаго Бернабеу“ ќе пристигне следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…