Екипата на ПСЖ, додека ја чека одлуката на Нејмар успеа да доведе дефанзивец од редовите на Естудијантес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во прашање фудбалерот Хуан Фојт. Оваа вест беше потврдена од, легендарниот Хуан Себастијан Верон.
Фојт има 19 години и се поврзуваше со неколку европски клубови, а покрај ПСЖ најконкретен беше Тотенхем.
„Постигнавме договор со ПСЖ и сега само треба да ги договориме условите со фудбалерот. Тој поседува неверојатна проценка на играта и секогаш знае како да се постави и да се најде на вистинското место, поради тоа се издвојува од неговите врсници“, изјави Верон.