Дома Трансфер зона Потврдено: Монако испрати понуда за еден од најдобрите руски репрезентативци!

Потврдено: Монако испрати понуда за еден од најдобрите руски репрезентативци!

Еден од најдобрите руски репрезентативец и фудбалер кој веќе долго време се поврзува со трансфер во нов клуб би можел да биде ново засилување за Монако.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Потпретседателот на Монако, Вадим Василјев денес потврди дека клубот испратил понуда за Александар Головин, но не откри за колкава сума станува збор.

„Испративме понуда до ЦСКА, не можам да ви откријам за колкава сума станува збор, но понудата е респектабилна“, изјави Василјев за руските медиуми.

Головин беше дел од репрезентацијата на Русија на Светското првенство, беше во стартниот тим на сите пет натпревари, постигна еден гол и запиша две асистенции.

Претходно се поврзуваше со трансфер во Челзи, Јувентус и Арсенал. Најконкретен беше Јувентус, но во моментот кога започна реализацијата на трансферот на Кристиано Роналдо, Головин беше ставен во втор план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…