Дома Трансфер зона Потврдено: Манчестер Јунајтед може да го врати Депај

Потврдено: Манчестер Јунајтед може да го врати Депај

Манчестер Јунајтед може да ја врати во своите редови ѕвездата на Лион, Мемфис Депај, за кого силен интерес покажува Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, „црвените ѓаволи“ во договорот на Холанѓанецот ставиле клаузула со која ќе можат да го вратат на Олд Трафорд.

Депај помина 18 месеци во Манчестер Јунајтед, но не се снајде најдобро и во јануари 2017 година беше продаден во Лион за 16 милиони фунти.

Холанѓанецот блеска во Франција и оваа сезона има постигнато 11 гола на 14 меча во сите натпреварувања.

Англиските медиуми тврдат дека Тотенхем е спремен да понуди 50 милиони фунти за неговиот потпис, но Јунајтед ќе има право да ја израмни понудата.

„Вистина е дека Манчестер Јунајтед има предност за да го купи Депај. Тие работи се нормални во фудбалот. Меѓутоа, до сега не сме добиле никаква понуда за него. Мислам дека е среќен во Лион“, објави спортскиот директор Жунињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…