Дома Фудбал Италија Потврдено: Балотели доколку сака повторно ќе игра за Италија

Потврдено: Балотели доколку сака повторно ќе игра за Италија

Oткако во текот на вчерашниот ден беше и официјално потврдено, денес Роберто Манчини беше презентиран како нов селектор на селекцијата на Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчини долго време се поврзуваше со Италија, но во прв план искочи дури кога Карло Анчелоти ја одби понудата на сојузот.

На денешната прес-конфренција Манчини ги откри плановите и истакна дека неговата главна цел е да ја врати Италија онаму каде што и е местото, во самиот врв на светскиот фудбал. Освен тоа тој ги потврди и гласините дека ќе го врати Марио Балотели во репрезентацијата.

„Сигурно дека многу брзо ќе разговарам со Балотели и најверојатно ќе го вратам во репрезентацијата, секако доколку тој сака. Италија има многу квалитетни играчи и тоа е наша предност која мораме да ја искористиме. Верувам дека Марио може многу да придонесе за нашата екипа и се надевам дека ќе заблеска како и на Европското првенство во 2012 година“, изјави Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…